Ракомет

И Македонија меѓу елитата!

07.04.2014 12:58

Македонија сонува, ужива се радува ракометно,сега уште поважно, репрезентативно...

Младите македонски ракометни сили покажуваат дека се кадарни за собир на најдобрите во Европа, прво кадетите, па сега и младинците ја заверија потврдата. Го чекаме уште последното јунско сениорско парче од сложувалката Македонија-Грција, за да се комплетираме континентално гордо македонски.

Смели, самоуверени, сигурни во она што го прават младата, ама баш младата чета на Петковски. Покрај нашите младинци место на европското во Австрија од 24 јули до трети август преку квалификации изборија: Шпанија, Данска, Франција, Словенија, Швајцарија, Србија и Израел, а како најдобро второпласирани од оние групи со поголем број репрезентации во квалификаците, место најдоа и Норвешка, Словачка, Унгарија, Белорусија и Естонија. Овие 13 селекции вклучително и нашата се приклучуваат на оние кој имаат директен пас, домаќинот Австрија како и финалистите од европското до 18 години 2012-та, Германија и Шведска.

Она што дополнително не прави горди е што нашиот лев бек, најпрецизниот во Мак тимот, Филип Талески е на делбата на второто место по постигнати голови 27, во квалификациските три дена, колку брои и Вуко Борозан од Металург репрезентативец на Црна Гора, која патем не избори пласман на континенталното.

На 24 април дознаваме Македонските момчиња со кого ќе треба да се справат летоска во групниот континентален сегмент.