Формула 1

Мерцедес без напредок во Австралија

08.04.2022 12:29

Возачот на Ферари Шарл Леклер ја потврди доминацијата на Ферари во пресрет на трката за големата награда на Австралија што ќе се вози во недела на патеката Алберт Парк.

Возачот на Ферари Шарл Леклер ја потврди доминацијата на Ферари во пресрет на трката за големата награда на Австралија што ќе се вози во недела на патеката Алберт Парк.
На вториот тренинг Леклер забележа 2 десетинки од секундата подобро време од возачот на Ред Бул Макс Ферстапен и 4 десетинки подобро од тимскиот колега Карлос Сајнц.

Успашна тренинг сесија имаше и Фернандо Алонсо со пласман на 4-тата позиција со заостанување од околу половина секунда.

Од друга страна тимот на Мерцедес не покажува дека напредувале во подобрување на перфомансите. Џорџ Расел заврши со 11-то време на тренингот, додека Хамилтон дури на 13-тата позиција.

Квалификациите за големата награда на Австралија се утре од 8 часот, а стартот на трката в недела еден час порано.