Спречен шверц на златници

07.04.2014 13:23

Во пластично кутивче, сместено во мала рачна ташна, царинските службеници открија 2 златника од Јужна Африка...

4 златника, со тежина од 130 грама, се откриени при контрола на личниот багаж на турски државјанин, патник во патничко возило со германски регистарски таблички, управувано од германски државјанин, пријавено за излез од државата, на граничниот премин Табановце.

Во пластично кутивче, сместено во мала рачна ташна, царинските службеници открија  2 златника од Јужна Африка, изработени во 1974 година, и 2 златника од Австрија, изработени во 1915 година. Вредноста на пронајдените златници е проценета на околу 235 илјади денари.