Израел
Израелските сили ликвидираа 29 годишен маж
08.04.2022 13:42
Осомничениот се товари за најмалку две убиства и 13 повредени откако отворил оган пред бар во центарот на Тел Авив.

Израелските сили ликвидираа 29 годишен маж осомничен за смртоносното пукање во Тел Авив. Осомничениот се товари за најмалку две убиства и 13 повредени откако отворил оган пред бар во центарот на Тел Авив.
„Се работи за терорист без организациска припадност, но имал некој кој му помога со набавка на оружје. Се наоѓаме во предизвикувачко време. Терористичките напади без организациона инфраструктура се навистина голем предизвик за безбедносниот систем“ соопшти Нафтали Бенет-премиер на Израел.
За помалку од три недели во Израел се регистрирани четири смртоносни напади.
