Швајцарски франци не минаа на „Александар Велики“
07.04.2014 13:25
При извршениот личен претрес, во долната облека на патникот пронајдени се 30.000 швајцарски франци, од кои, согласно законските одредби, 12.000 франци (противвредност на 10.000 евра) му се вратени....
30 илјади швајцарски франци,се откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при личен претрес на српски државјанин, кој допатувал со лет од Цирих. Патникот се определил за минување на зелен канал, кадешто минуваат патници кои немаат што да пријават за царинска контрола, по што е издвоен за преглед од страна на царинските службеници.
При извршениот личен претрес, во долната облека на патникот пронајдени се 30.000 швајцарски франци, од кои, согласно законските одредби, 12.000 франци (противвредност на 10.000 евра) му се вратени.
