Атлетика
Бекеле шампионски и во маратонот
07.04.2014 13:33
Кенениса Бекеле и натаму на свој начин, победнички ги завршува трките. Последниот подвиг го направи вчера во Париз!Во својата 31-ва година влезе во нов предизвик. во кариерата.Влез во маратон- авентурата! Блескаше Бекеле на улиците на Париз, иако ја трчаше првата своја маратон трка.

Кенениса Бекеле и натаму на свој начин, победнички ги завршува трките. Последниот подвиг го направи вчера во Париз!Во својата 31-ва година влезе во нов предизвик. во кариерата.Влез во маратон- авентурата! Блескаше Бекеле на улиците на Париз, иако ја трчаше првата своја маратон трка. Ја заврши победнички на Елисејските полиња со резултат нему својствен за 2 часа, 5 минути и две секунди, соборувајќи го рекордот на Парискиот маратон.Ја истрча една од најбрзите маратон трки на сите времиња,со резултат релативно близок на рекордното време на Кениецот Вилсон Кипсанг!
За еден дебитант фантастично!
Впрочем, таков е Кенениса Бекеле низ целата своја атлетска кариера.Потомокот на легендарниот Етиопјанец Абебе Бикила, наследникот на великанот Хајле Гебрселасие, откако со талентот брзо ја надмина својата генерација влезе во освојувачкиот поход.И тоа токму во Париз, на „Стад Д Франс“, на светското првенство во 2003-та година.Го освои златниот медал на десет илјади метри, победувајќи го свој идол,големиот Хајле Гебрселасие.Под светлоста на француската метропола започна неговата децениска натпреварувачка спектакуларност. Секогаш одлично подготвен, брилијантен тактичар, со завршница во трките достојна за спринтерите го градеше импозантниот атлетски опус.Неговите резултатски бисери се: двоен олимписки шампион во Пекинг на 5 и на 10 километри потсетувајќи на легендите од минатото Затопек , Вирен...! Подвиг остварен и во Берлин во 2009-та со двојната круна прв пат на светските првенства! Единаесет титули светски шампион во крос-кантри. Актуелен сопственик на светските рекорди на 5 и на 10 километри со резултати во догледно време тешко достижни...! Окако на Олимпијадата во Лондон во 2012-та го освои 4-то место на десет илјади метри, откако минатата година во Москва не ја заврши трката, логичното продолжение е обидот во маратонот!
Кенениса Бекеле и натаму трае и одново „јава“ шампионски!
