Почина ракометарот на Бутел, Денис Тот
Почина ракометарот на Бутел Скопје, Денис Тот. 27-годишниот хрватски интернационалец, вчера изутрина бил примен во скопската клиника, според официјални лекарски информации, без срцева реакција. И покрај обидите, лекарски тим на КАРИЛ за момент со реанимација ја вратил работата на срцето, но поради критичната состојба недоволно за да го спаси животот на Тот...

Трагедија. Почина ракометарот на Бутел Скопје, Денис Тот. 27-годишниот хрватски интернационалец, вчера изутрина бил примен во скопската клиника, според официјални лекарски информации, без срцева реакција. И покрај обидите, лекарски тим на КАРИЛ за момент со реанимација ја вратил работата на срцето, но поради критичната состојба недоволно за да го спаси животот на Тот.
Министерството за внатрешни работи, пак, соопшти дека Тот бил пренесен во болница во бессознание и во критична состојба, но и без траги на насилство на неговото тело што е спротивно на неофицијалните информации дека бил физички нападнат, па и претепан.
Денис Тот кој потекнува од спортско семејство од хрватско Ѓаково, во кариерата пред Бутел настапуваше и за Охрид, Адемар Леон, австрискиот Брик, Пореч и за Бјеловар.
