Кошарка - БИБЛ лига
Шести пораз на ТФТ Скопје
08.04.2022 19:59
Кошаркарите на ТФТ без победа ја завршија главната фаза од БИБЛ лигата. За шест порази во исто толку натпревари, скопјани беа поразени и во последното коло во групата Д и тоа на гости во Бугарија од Балкан со најубедливи сезонава, 104:53.

Сепак кошаркарите на ТФТ Скопје се фокусирани на последниот натпревар од домашната прволигашка конкуренција в недела на гости кај лидерот Пелистер. Со евентуална победа ТФТ може да ја почне Супер лигата од третото место.