Денвер во плеј – оф, Јокиќ во историја
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра уште една сезона, како и минатата, на МВП ниво, па благодарение на ново рекордно постигнување, Денвер обезбеди пласман во НБА плеј – офот. Нагетс ја комплетираа дванаесеторката во доигрувањето, познати се и осумте екипи коишто ќе играат во разигрувањето со можност за мали промени на актуелните позиции...

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра уште една сезона, како и минатата, на МВП ниво, па благодарение на ново рекордно постигнување, Денвер обезбеди пласман во НБА плеј – офот. Нагетс ја комплетираа дванаесеторката во доигрувањето, познати се и осумте екипи коишто ќе играат во разигрувањето со можност за мали промени на актуелните позиции.
27-годишниот Јокиќ е првиот кој во НБА историјата во една сезона реализирал две илјади поени, илјада скокови и петстотини асистенции. Денвер го совлада Мемфис со 122:109 со 35 коша, 16 собрани топки под обрачите и шест додавања на српскиот центар. На уште еден меч до крајот на основниот дел од сезоната, Нагетс како шести на „западот“ имаат две победи повеќе од Минесота којашто беше подобра од Сан Антонио со 127:121. Денвер може да го загрози петтото место на Јута којашто има пораз помалку. На првите четири позиции сигурни се Феникс, Мемфис, Голден Стејт и Далас. Во плеј-ин сегментот, пак, покрај Минесота се пласираа и Клиперс, Њу Орлеанс и Сан Антонио.
Од седумте ноќешни натпревари важен е и триумфот на Милвоки против Бостон со 127:121, по што Бакс се дефинтивно втори, а Селтикс трети на „истокот“. Мајами ја има најдобрата позиција, Филаделфија е сигурно четврта, додека последната непозната е кој ќе бие петти, а кој шести, Торонто или Чикаго. Во разигрувањето, пак, влегоа Кливленд, Бруклин, Атланта и Шарлот.
