Расте бројот на жртви по нападот во Краматорск
Најмалку 50 лица се убиени во напад врз железничка станица каде што бегалците од источна Украина чекале евакуација. Нападот врз украинската железничка станица е последното ужасно злосторство, извршено од Русија во кое настрадаа цивили – напиша на твитер американскиот претседател Бајден...

Најмалку 50 лица се убиени во напад врз железничка станица каде што бегалците од источна Украина чекале евакуација. Нападот врз украинската железничка станица е последното ужасно злосторство, извршено од Русија во кое настрадаа цивили – напиша на твитер американскиот претседател Бајден.
Кремељ, пак, тврди оти украинците биле тие кои ја нападнале железничката станица во Краматорск, бидејќи сакале да ги спречат цивилите од бегство.
Претседателката на Европската унија Фон дер Лајен допатува во Киев на средба со украинскиот претседател Зеленски. Му го предаде европскиот прашалник за чекор понатаму во добивањето кандидатски статус во Унијата.
