Странски консултанти во 98 домашни компании
Вкупно 98 домашни фирми се јавиле на јавниот повик за користење бесплатна странска експертска помош
Вкупно 98 домашни фирми се јавиле на јавниот повик за користење бесплатна странска експертска помош и поднеле 105 апликации . Најмногу аплицирале компании од Скопје ,ги има 48,од Битола се јавиле 8 , а од Прилеп 7.По три има од Охрид,Струга и од Виница .
,,Најголем интерес има кај фирмите од преработувачката индустрија 25 ,од информатичко коминикациските технологии се јавиле 15,од земјоделскиот сектор 10,а од трговијата 15. “ –вели Александар Ѓорѓиев-портпарол на Владата на РМ .
Ги има од сите : микро,мали ,средни, но и големи фирми .Сепак најбројни, 59 , се оние кои имаат меѓу 5 и 50 вработени . Сојузот на стопански комори го поздрави владиниот проект за беслатно користење странска експертска помош. Претседателот Калеников, нагласува дека таа е најпотребна во делот на воведување нови индустрискаи линии, но и за надминување на тековни проблеми и за елиминирање на тесните грла во производството .Ќе се бара и експертско мислење за освојување нови пазари и за подобрување на конкурентноста. Првите странски консултанти ќе пристигнат од Холандија и од Германија кон крајот на јануари 2014-та. Зависно од потребите на фирмите ќе престојуваат од 7 дена па се до три месеци .
Свето Николовски
