Тивко, ама возбудливо
Моќниот звук на формула 1 болидите изостана на десетгодишнината од првото бахреинско гран-при, но се чини дека како никогаш досега пустинската трка на средниот исток понуди битка и дуели што ќе се паметат. Се имаше свој удел, безбедносното возило најмногу, но во истовреме да се случуваат напади и обиди за претекнувања секој против секого ,а најмногу меѓу тимските колеги, ретко кој можеше да очекува, па за момент се заборави и на тивките болиди и на штедењето на горивото и менаџирањето на пневматиците.

Моќниот звук на формула 1 болидите изостана на десетгодишнината од првото бахреинско гран-при, но се чини дека како никогаш досега пустинската трка на средниот исток понуди битка и дуели што ќе се паметат. Се имаше свој удел, безбедносното возило најмногу, но во истовреме да се случуваат напади и обиди за претекнувања секој против секого ,а најмногу меѓу тимските колеги, ретко кој можеше да очекува, па за момент се заборави и на тивките болиди и на штедењето на горивото и менаџирањето на пневматиците. На Шакир се случуваше трка, онаква кава што посакуваше Раиконен, тркало до тркало. За атрактивноста на натпреварот говори и изјавата на второпласираниот Нико Росберг, иако разочаран што не е највисоко на пиедесталот во својата 150-та Ф1 трка, сепак ја оцени како највозбудлива во неговата кариера. И барем набрзо ништо нема да го помати тој впечаток, ниту доминацијата на Мерцедес, бавниот прогрес на Ред Бул, разочарувачките перфоманси на Ферари.
Шампионатот е во рана фаза, Мерцедес е засега неприкосновен, тимовите со неговите агрегати конкурентни како никогаш досега, Форс Индија се наметнува сериозно, особено по пиедесталот на Перез, Мек Ларен немаше среќа, но е тука, до најдобрите, а ако се земе предвид дека Ферари и Ред Бул нема вечно да каскаат зад водечките, ете најава за возбудлива сезона.
За звукот? И тоа ќе биде. ФИА веќе состави работна група за изнаоѓање решенија како да се врати стариот звук на болидите, резултатите се очекуваат за 30-тина дена, до трката на Каталуња на почетокот на Мај..
