Зеленски побара остар глобален одговор кон Русија
Русија негира дека е одговорна за нападот. Иако железничката станица се наоѓа на територијата под контрола на украинската влада во Донбас, Русија ја обвини украина дека го извршила нападот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара остар глобален одговор кон Русија откако нејзините сили истрелаа проектил на преполната железничка станица во Краматорск, при што загинаа најмалку 52 лица.
Русија негира дека е одговорна за нападот. Иако железничката станица се наоѓа на територијата под контрола на украинската влада во Донбас, Русија ја обвини украина дека го извршила нападот.
Истото го направија и сепаратистите од регионот поддржани од Москва, кои тесно соработуваат со руските трупи. Меѓу загинатите има и деца, а десетици луѓе се тешко повредени.
Западните експерти, сепак, го отфрлија тврдењето на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, дека руските сили, не користат, таков тип проектили.
