Има извоз на јагниња, неизвесна е домашната трпеза
Нема проблем за извозот на јагнињата. Се бара повеќе, ама неизвесен е домашниот пазар. За сточарите е ниска откупната цена, трошоците се зголемени. Граѓаните сѐ уште не знаат дали јагнешкото ќе го има на велигденската трпеза...

Македонското јагне се бара на странските пазари, ама има недостиг на јагниња, велат кланичарите. Побарувачката за извоз е поголема, но домашниот пазар тешко оди.
За сточарите, откупната цена е мала, трошоците се зголемени. Ѕвонко Мицески, од прилепско Штавица уште не ги продал јагнињата. Чека подобра цена. Бара државата побрзо да ги плати најавените 400 денари од заклано јагне. Признава дека сточниот фонд се намалува.
Ќе има ли јагнешко на велигденската трпеза? Граѓаните се скептични. Јагнешко врви за извоз, а домашната трпеза сѐ уште ја чека пресметката.
Елизабета Митреска
