Финале: Струмица - Вардар
Струмица и Вардар ќе играат во финалето на 29-от Куп на Македонија во одбојка чијшто завршен турнир се одржува во Кавадарци.

Струмица и Вардар ќе играат во финалето на 29-от Куп на Македонија во одбојка чијшто завршен турнир се одржува во Кавадарци. Струмичани ја совладаа Шкендија со 3:0, по сетови 25:18, 25:18 и 25:12 и ќе се обидат да ја одбранат двојната круна, да ја освојат осмата куп - титула во послендите десет сезони и 16-от пехар во македонската одбојка.
Вардар, пак, во полуфиналето беше подобар од Универзитет во Тетово со 3:2, по сетови, 21:25, 25:23, 25:20, 19:25 и 18:16. Црвено - црните одбојкари в недела ќе играат за вториот пехар во купот откако ја освоија двојната круна во 2013-та година.
Во саботните полуфинални дуели во женска конкуренција со преноси на МТВ3 ќе играат: бранителот на титулата, Јанта волеј Кисела вода против финалистот од 2019-та, наковски волеј (15:55) и победникот истата година и лидер сезонава во првенството, Работнички Скопје против Струмица жени (18.55).
Мечевите за трофеите и во двете конкуренции ќе се одиграат в недела во истите термини и директно на Македонската телевизија.
