Бугарка ординирала во Клинички
Полицијата поднесе кривична пријава против бугарска државјанка затоа што извршила две кражби на почетокот на месецов. На 2-ри април во Клинички центар “Мајка Тереза“ пријавената го искористила невниманието на оштетените кои чекале пред шалтерите и со протнување на рака во чантите, во двата случаи одзела женски паричници во кои имало пари и лични документи и еден мобилен телефон.

Полицијата поднесе кривична пријава против бугарска државјанка затоа што извршила две кражби на почетокот на месецов. На 2-ри април во Клинички центар “Мајка Тереза“ пријавената го искористила невниманието на оштетените кои чекале пред шалтерите и со протнување на рака во чантите, во двата случаи одзела женски паричници во кои имало пари и лични документи и еден мобилен телефон. Потоа Бугарката ги зела парите, а паричниците заедно со личните документи ги фрлила, додека мобилниот телефон го задржала Со платежната картичка, сопственост на една од оштетените се обидела да извади пари, која што ја фрлила, по неуспешната трансакција на банкоматот. Притоа била забележана од полициски службеник,кој ја легитимирал и привел во полициската станица Центар.
