Важна победа на Тиквеш кај Охрид
Кавадарчани славеа на гости против Охрид со 28:26 и со првиот триумф во овој сегмент од сезоната стигнаа до пет бода и четвртото место со што останаа во конкуренција за излез во Европа.

Во двата петочни натпревара од 4-то плеј - оф коло од машката ракометна Супер лига, победи на Еурофарм Пелистер и на Тиквеш. Кавадарчани славеа на гости против Охрид со 28:26 и со првиот триумф во овој сегмент од сезоната стигнаа до пет бода и четвртото место со што останаа во конкуренција за излез во Европа.
Еурофарм Плеистер, пак, во дуелот со втората битолска екипа победи, Еурофарм Пелистер 2, славеше убедливо со 39:18 и со максимални четири триумфи и 16 бода остана прв на табелата со +5 во однос на Вардар.
Мечот на црвено - црните против Бутел Скопје, планиран за утре, е одложен поради ненајдената смрт на хрватскиот ракометар, Денис Тот.
Во плеј - аут делот од Супер лигата, утре ќе играат: Струга - Прилеп и Радовиш - Скопје 2010, додека слободен е лидерот, Пролет 62.
