Фудбал – квалификации за СП 2023 (жени)

Уште еден убедлив пораз на Македонија

09.04.2022 11:01

Втора и блиску до плеј - офот за пласман на мундијалот е Австрија којашто во директниот дуел ја совлада Северна Ирска со 3:1. Поради невреме одложен беше дуелот меѓу Луксембург и Летонија.

Шести пораз во седумте кавлификациски натпревари за Светското првенство во 2023-та на македонската женска фудбалска репрезентација. 10:0 за Англија во Скопје, во рамките на групата Д со четирите гола на Мед, хет - трикот на Туни, двата на Стенвеј, и погодокот на Вајт. Англичанките доминираат во оваа конкуренција и имаат максимални седум победи, 21 бод, 63 постигнати и ниту еден примен гол.

Втора и блиску до плеј - офот за пласман на мундијалот е Австрија којашто во директниот дуел ја совлада Северна Ирска со 3:1. Поради невреме одложен беше дуелот меѓу Луксембург и Летонија.

Нашите фудбалерки останаа на шестото место со три бода колку што има и Лускембург, но и со послаба гол разлика. Летонија е единствената репрезентација, против којашто Македонија славеше и тоа 4:1 на гости, па затоа е последна без бодови.

Во следното коло, во вторник, Македонија ќе му гостува на Луксембург.