Заев во Скопје: Државата ќе биде во рацете на граѓаните
Оваа држава пред се треба да им служи на грѓаните. „Граѓаните пред се“ е новата визијата на Социјал демократкиот сојуз на Македонија. Опозициската коалиција вчера вечер на централниот митинг на плоштадот Пела во Скопје, ги претстави носителите на листи во 6-те изборни единици за предвремените парламентарни избори.
Рената Дексовска во првата, Петре Шилегов е носител во втората изборна едниница, Маријанчо Николов ја предводи изборната листа во тројката, Хари Локвенец во четворката, во петтата изборна единица носител на листа е Васко Ковачевски, а во шестата Стојко Пауновски.

На присутните во Скопје им се обрати претседателот на Социјал- демократската младина, Стефан Богоев, говореше и Живка Гавровска, а на присутните се обрати и кандидатот за претседател Стево Пендаровски и лидерот на Социјал- демократскиот сојуз, Зоран Заев.
Да нема делби порачуваат од СДСМ. Нивните лидери рекоа дека имаат нов концепт и програма со нова енергија. Имаме луѓе беше кажано на митингот кои нашата визија можат да ја преточат во реалност. Новиот концепт на социјал демократите е со идеја да се врати средната класа на луѓе. Програмата предвидува транспарентност и енергичност. Визијата која ја имаме за Македонија е остварлива бидејќи знаеме што и треба на земјата, кандидатските листи за предвремените парламентарни избори во 6- те изборни едници се составени од луѓе од различни професии, но докажани во своите области, беше речено на вечерашниот митинг.
„Дојдовме од сите страни зошто ја сакаме Македонија и дека верувате во нас. Подготвени сме да ја водиме државата домакински чесно и одговорно. Земјоделците со својата пот и работа заслужиле да се почитуваат“, истакнаа дел од говорниците на вечерашниот митинг на социјал демократскиот сојуз и новните коалициони партнери.
Народот сака да живее во благосостојба, како социјал демократи нема да заборавиме да се бориме за еднакви права на сите. Може и мора подобро да се живее, Македонија заслужува иднина, порача лидерот на социјал демократите, Зоран Заев. Се заблагодари на сите што во неговиот тим гледаат нова енергија. И тој се осврна на новиот концепт со новите луѓе и рече дека државата ќе биде во рацете на граѓаните.
Реформираниот СДСМ рече Заев пред присутните на митингот ќе сврти нов лист за подобра Македонија. Нашата цел е да ја оправдаме довербата на граѓаните. Со предложените листи за пратеници, рече Заев докажуваме дека сме над себе. Предложените кандидати верно ќе ги заштитуваат граѓаните и ним ќе им служат и ќе им одговараат. Секој треба да и помогне на Македонија бидејќи така си помагаме на себе и на нашите деца.
На присутните граѓани на митингот им се обрати и кандидатот за претседател предложен од опозициската коалиција предводена од СДСМ, Стево Пендаровски. Приоритетите на Стево Пендаровски според неговата програма се пораст во економијата, владеење на демократките принципи и подобрување на демографската слика.
Ана Јосифоска