Халими во Теарце: Ако ме бојкотирате мене, се бојкотирате себе

07.04.2014 14:08

Од ДПА велат дека веруваат во својот народ и дека нема да дозволат никој да им наредува и да манипулира со нив...

Ако ме бојкотирате мене тоа е како да се бојкотирате себе, но нашиот политички опонент тоа не го сфаќа, рече пред членството и симпатизерите во тетовско Теарце кандидатот на ДПА за претседател, Илијаз Халими. Додаде дека го бара нивниот глас да ги застапува интересите на Албанците и нема да биде како некои што толку години се на власт, а ништо не направиле за својот народ.

„Ќе го решам спорот со името и ќе работам што поскоро Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО. Нема да дозволам буџетот да се распределува како сега, туку според приоритет. Ќе работам сите да живеат достоинствено затоа го барам вашиот глас“, рече Илјаз Халими, кандидат за претседател на ДПА.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи рече дека за корупцијата на ДУИ треба да поработи обвиниртелството и судството, а за тоа што ништо не реализирале што ветиле ќе им суди народот. Повторно се осврна, според него на евтните тригови кои ги правата ДУИ кога велат дека тој на средбите со граѓаните носи панцир.

„Ние со ДУИ се разликуваме многу. Ние не скршнуваме од нашите национални интереси.  ДУИ на македонскиот партнер е слуга, ние бевме и ќе бидеме партнери“, изјави Тачи.

Од ДПА велат дека веруваат во својот народ и дека нема да дозволат никој да им наредува и да манипулира со нив, веруваат дека на 13-ти април ќе излезат на гласање и ќе гласаат за едиснтевниот кандидат Албанец.

 

Наташа Јанчиќ