Европа

Франција избира претседател

10.04.2022 10:47

Ле Пен, му е најсериозна конкуренија на Макрон. Таа оди на нов обид, да стане првата жена- шеф на Франција.

Франција гласа за претседател, има 12 кандидати. Актуелниот претседател, Емануел Макрон, бара втор мандат. Ле Пен, му е најсериозна конкуренија. Таа оди на нов обид, да стане првата жена- шеф на Франција.

Дури и ако разликата меѓу двајцата кандидати се намалува, сè уште нема анкета што не предвидува победа на Макрон во вториот круг од изборите на крајот од април.

Јазот меѓу двајцата, најверојатно ќе биде помал отколку во 2017-та година, кога Макрон со над 60 насто гласови триумфираше пред, Ле Пен.