ЕК: Милијарда евра за поддршка на Украина и земјите кои примаат бегалци
600 милиони евра ќе бидат наменети за Украина, за нејзините власти и делумно за Обединетите нации, додека 400 милиони евра ќе добијат државите на првата линија до Украина кои примаат и им помагаат на бегалците.

Европската комисија ќе издвои една милијарда евра за поддршка на Украина и земјите, кои примаат бегалци од оваа земја, по руската инвазија. Ова го изјави претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, на конференција за помош на бегалците во Полска.
Таа изјави дека 600 милиони евра ќе бидат наменети за Украина, за нејзините власти и делумно за Обединетите нации, додека 400 милиони евра ќе добијат државите на првата линија до Украина кои примаат и им помагаат на бегалците.
Поради војната над 4,5 милиони Украинци ја напуштија земјата, а повеќе од половина од нив, односно над 2,5 милиони луѓе преминаа во Полска.
