Леклер доминантен на Алберт Парк
Нa патеката Алберт Пaрк за големата награда на Австралија Леклер прво успешно ги одби нападите на конкуренцијата а потоа со сигурна трка и убедлива предност на крајот стигна до втората сезонска победа за убедлива предност по само три трки во генералниот поредок со 71 поен.

Со пол позиција,најбрз круг и победа возачот на Ферари Шарл Леклер ја потврди доминацијата на стартот на сезоната во формула 1. Нa патеката Алберт Пaрк за големата награда на Австралија Леклер прво успешно ги одби нападите на конкуренцијата а потоа со сигурна трка и убедлива предност на крајот стигна до втората сезонска победа за убедлива предност по само три трки во генералниот поредок со 71 поен.
Пред возачот на мерцедес Џорџ Расел кој со денешното трето место собра 37 поени или е на 34 зад Леклер.Втор на целта пристигна Серхио Перез на Ред Бул,додека четвртото место во австралија го осви Луис ХАмилтон што му донесе добар викенд на Мерцедес во ситуација кога трката не ја завршија Мaкс Ферстапен на Ред Бул и Карлос Сајнц на Ферари.
Во бодови или во топ 10, пласман обезбедија и двата возача на Мекларен Норис и Рикардо на 5-тото и 6-тото место,како и Окон,Ботас,Гасли и Албон.Следната -4-та трка е на патеката во Имола на 24 април.
