Едно коло до плеј-офот
Во последните одиграни натпревари пред последното коло Филаделфија со 133-120 ја победи Индијана и ги задржа шансите за третото место на истокот што претпоставува полесен ривал во плеј-офот.

Завршница на регуларниот дел од сезоната и во американската професионална кошаркарска лига. Без непознати околу тоа кои екипи обезбедија директен настап во плеј-офот ,а кои ќе играат плеј-ин односно ќе разигруваат за да останат во битка за титулата со можни минимални поместувања на табелата останува да се доиграат завршните 15 натпревари од последното коло.
Во последните одиграни натпревари пред последното коло Филаделфија со 133-120 ја победи Индијана и ги задржа шансите за третото место на истокот што претпоставува полесен ривал во плеј-офот. Одлична партија на Џоел Ембид со 41 поен и 20 скока што е рекордно сезонско остварување во НБА во однос на ефектот,над 40 поени и над 20 скока.
Мемфис со 141-114 го поебди Њу Орлеанс и ја потврди втората позиција во западната конгеренција,а без оглед на поразот у Орлеанд е 9-ти и ќе игра во плеј-нот,како и Сан Антонио кој загуби дома од Голден стејт со 94-100,но 10-тото место му носи плеј ин на сметка на катастрофалната сезона на 11-то пласираните Лејкерси.Во плеј –инот со пласман на 8-та позиција се и Клиперси кои го победија Сакраменто со 117-98 оставајќи ги кралевите на 12-тата позиција без шанси за разигрување.
