Груевски во Тетово: Најмалку 30 компании ќе инвестираат во економските зони
Во новата програма вели Груевски има 2.046 проекти, конкретна понуда до секој граѓанин. ВМРО кога дава збор, ветување, се исполнува, а отчетот е најдобрата гаранција дека и новата програма ќе се исполни. А, за да не бидеме уценувани за реализација на проектите потребен ни е претседателот Иванов и 62 пратеника во парламентот...

Патишта, театар, градинки, библиотека,училишни сали, повеќенменски играишта,објект со 55 социјални стана, рехабилитација на регионалниот патен правец Тетово- Брвеница-Гостивар, и на Тетово- Пирок- Гостивар, предвидена е и реконструкција на 110 киловотен далновод Скопје– Тетово за стабилност на електрoенергетскиот систем. Изградба на нови хотели, ски и спа центри. Попова Шапка ќе стане еден од најсилните скијачки центри. За овој проект веќе бил направен мастер план во две фази, едната е инвестиции на државата, а втората, инвестиции од концесионер.
Ова се дел од проектите кои ги презентираше претседатеот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, пред илјадниците тетовци, кои се однесуваат на овој град. И понатаму во фокусот е економијата и отварањето нови работни места. Најмалку 30 компании вели Груевски ќе дојдат да инвестираат во слободните економски зони.
Одиме со слогнот „Има разилка, ти знаеш да препознаеш“, затоа што разликата е видлива и голема. Во време на СДСМ немаше зголемување на пензии, а за време на ВМРО, се зголемија, најниските за 70, а просечните за 64 насто. Секоја година ќе се зголемува за уште 5 насто. Разлика и во невработеноста, во субвенциите за земјоделците, во борбата против криминалот и корупцијата. Во новата програма вели Груевски има 2.046 проекти, конкретна понуда до секој граѓанин. ВМРО кога дава збор, ветување, се исполнува, а отчетот е најдобрата гаранција дека и новата програма ќе се исполни. А, за да не бидеме уценувани за реализација на проектите потребен ни е претседателот Иванов и 62 пратеника во парламентот.
„Потребна ни е победа на Иванов за да немаме сопки на патот. за да немаме демагози кои ништо друго не знаат да смислат освен итнриги, манипулации како ВМРО-ДПМНЕ да се онеспособи да зврши нешто што е ветено...“, рече Груевски на митингот во Тетово.
Ја чуваме Македонија и моделот на соживот во неа. Тоа е автентична македонска трдиција, наследена од нашите предци, која треба да ја сочувааме за нашите потомци, но и политичка и институционална обврска и на идните генерации, порача Ѓорге Иванов, кандидат за втор претсдателски мандат на митингот во Тетово.
Вели, направена е разлика во сите области. Успехот мотивира, инспирира и обединува. Сплотени продолжуваме. Новиот лик на Македонија која успева на секое поле, заедно да ги оствариме целите, додаде Иванов.
На митингот беа претставени и кандидатите за пратеници од 6-тата изборна единица. Нивната порака е: Сега е вистинското време да застанете зад нас и да ни ја дадете довербата, затоа што со туд, работа, посветеност, одговорност и даде отчет, имаме образ од вас граѓаните тоа да го побараме. Во наредните 4 години новата програмата ќе биде, велат, нашата библија.
Наташа Гркова- Петрушевска
