Фудбал, Прва лига, 27.коло

Работнички со еден гол до три бода

10.04.2022 18:11

По убедливите 3:0 на гости со Брегалница Штип, Работнички славеше дома минимално со 1:0 против Тиквеш. Петти триумф на 13-от домашен двобој, вкупно 11-ти на 27-от натпревар оваа сезона.

Новиот предводник на Работнички, Стојан Игњатов против Тиквеш ја оствари и втората победа по ред. По убедливите 3:0 на гости со Брегалница Штип, Работнички славеше дома минимално со 1:0 против Тиквеш. Петти триумф на 13-от домашен двобој, вкупно 11-ти на 27-от натпревар оваа сезона.

Кавадарчани останаа без цел плен и на 14-то гостување и на осмиот меѓусебен прволигашки дуел со дебармаалци во Скопје, доживувајки го седмиот пораз. Единствениот  гол беше дело на Максимов кој во 30-та минута стрелаше силно и ефектно од тежок агол  и втор пат е човек на одлука за црвените оваа сезона. Гостите беа казнети по пропуштение шанси за отворање на резултатот на Нгоба, Вареловски и на Тодоров, во периодот  во кој беа поквалитетен состав.

Домашниот тим со подобра игра го контролираше рутинирано и со офанзива резултатот во вториот дел во кој гостите пропуштија две големи шанси за изедначување преку, резервистите Тасев и Дончев, кои беа немоќни во дуелите со голманот Мустафа. Работнички можеше да го зацврсти водството и да го реши победникот, во финишот кога Зејнулаи и Родригез не беа прецизни од идеални позиции и остана 1:0.