Макрон и Ле Пен во вториот круг од француските претседателски избори
Макрон ќе се соочи со Марин Ле Пен во вториот круг на 24-ти април, во кој, според анкетите, најверојатно ќе победи, иако таа предност нема да биде голема.

Актуелниот француски претседател Емануел Макрон води во првиот круг од претседателските избори со неколку процентни пред лидерката на крајната десница Марин Ле Пен. Макрон ќе се соочи со ле Пен во вториот круг на 24-ти април, во кој, според анкетите, најверојатно ќе победи, иако таа предност нема да биде голема.
Според француските медиуми, во првиот круг се преброени 97 насто од гласовите, а Макрон има 27,35 проценти, додека ле Пен е на 23,97 насто, а на трето место е Жан-Лук Меланшон со 21,7 проценти од гласањето.
Ги повикувам сите, вклучително и оние кои не гласаа за мене во првиот круг, да застанат со нас во вториот круг, препуштањето на популизам и ксенофобија не е Франција, изјави Макрон откако прогласи победа во првиот круг гласање.
