Компаниите штедат струја преку систем за мониторинг на потрошувачката
07.04.2014 14:49
Искуствата покажале дека овој систем овозможува заштеда на енергијата и до 30%, што значи зголемување на конкурентноста на компаниите и намалување на трошоците на работење...

Седум компании од различни индустрии го имплементираа проектот на УСАИД за индустриски менаџмент. Тој предвидува системи на мониторинг за управување со потрошувачката на енергија. Искуствата покажале дека овој систем овозможува заштеда на енергијата и до 30%, што значи зголемување на конкурентноста на компаниите и намалување на трошоците на работење.
„Oвие системи ќе им помогнат на компаниите да можат подoбро да планираат, да балансираат и да имаат увид во реално време на потрошувачката на електрична енергија и на тој начин позитивно и профитабилно да ги решаваат состојбите, како и да склучат поповолни договори за набавка на електрична енергија од трговците или снабдувачите. Тоа се однесува за тие што се веќе на слободниот пазар на електрична енергија и за сите останати што од 1 јануари 2015 ќе станат дел од слободниот пазар“, рече денеска на прес-конференција Драган Блажев, директор на проектот.
