Македонија
Горивата поевтинуваат од полноќ
11.04.2022 13:03
Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата коишто ќе важат од полноќ...

Бензините поевтинуваат за денар, дизелот за два. Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата коишто ќе важат од полноќ. Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 80 денари, два денари поскап е бензинот од 98 октани, новата цена на дизелот е 80 денари.
Цената на екстра лесното масло за домаќинство останува иста, мазутот поевтинува за 1,127 денари за килограм. Во просек, малопродажните цени се намалуваат за 1,4 проценти.
