Култура

Почна „Танц фест 2022“, претставени млади кореографи

11.04.2022 15:45

На годинашното издание на „Танц фест“ се предвидени гостувања на танцови претстави од Франција, Словенија, Косово, САД како и трибини, предавања и работилници посветени на современиот танц.

Осумнаесеттото издание на интернационалниот фестивал  „Танц Фест Скопје“ почна  во саботата на 9-ти април во Домот на АРМ во Скопје со „Современи кореографски идентитет и кореографии“ на тројца млади уметници Бобан Русески, Раде Обрадовиќ и Јована Зајкова.

На првата фестивлска вечер беа изведени „Општествена критика“ на кореографот  Бобан Ристевски  а настапија Сара Цветковска, Адријана Данчевска и Јована Зајкова, потоа, кореографијата  „Пат до месецот“ со гоститие од Нови Сад, Србија, чиј кореограф е  Раде Обрадовиќ и „Самовили и демони“ во кореографија на Јована Зајкова и Бобан Русеки, кои настапија, придружени од вокалната уметница Зарина Првасевда.

На годинашното издание на „Танц фест“ се предвидени гостувања на танцови претстави од Франција, Словенија, Косово, САД како и трибини, предавања и работилници посветени на современиот танц.

Фестивалот на 20-ти април ќе биде затворен со настапот на светски познатата Танцова компанија „Марта Греам“ од Њујорк- САД. Таа вечер ќе биде доделена и наградата „Менада“, а ќе ја добие Џенет Ајлбер - актуелната уметничка директорка на компанијата „Марта Греам“.