Димовски на средба со турски експерти

07.04.2014 15:08

Турските експерти ветија помош со своето знаење и искуство во проектирањето на предвидените мали хидроакумулации. Во текот на оваа недела предвидени се теренски посети на системите за наводнување...

Како резултат на минатогодишната посета на министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љубчо Димовски на Анкара и средбата со министерот Вејсел Ероглу, на која беше договорено експертски тим од турското министерство за шумарство и водостопанство да и понуди стручна помош на Република Македонија во областа на наводнувањето со проектирање на мини хидроакумулации, денеска министерот Димовски од оддржа средба со тим експерти–инженери Турција.
 
Димовски напомена дека изградбата на овие мали хидроакумулации претставува голема помош за индивидуалните земјоделски производители во производството на земјоделски култури.
 
Турските експерти ветија помош со своето знаење и искуство во проектирањето на предвидените мали хидроакумулации. Во текот на оваа недела предвидени се теренски посети на системите за наводнување.
 
Министерот Димовски на средбата истакна дека во изминатиот период, а и периодот што следи, македонската Влада и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во целост се посветуваат на наводнувањето, односно веќе е започната темелна реконструкција на системот за наводнување и изградба на големи хидро објекти.
 
Се работи според утврден план на активности за следните 10 години, а во тек се подготовките за реорганизација на водостопанстопанскиот систем за негово подобро и засилено работење и ефикасност, како и негово функционално враќање на предвидените 96.000 хектари земјоделска површина.