Усвоен европскиот буџет тежок 960 милијарди евра
Брисел го усвои буџетот на Унијата по повеќемесечните пречки во преговорите
Европарламентарците дадоа благослов за трошење на парите за период од 2014 до 2020-та година. Вкупната пресметка на буџетот ќе изнесува 960 милијарди евра за оврските и 908 милијарди евра за наплатување според цените од 2011 година.
Европарламентот побара владата да ги отстрани недостатоците во наплатувањата што претходно беше причината што Европската комисија не можеше да ги исполни правните и финансиските обврски.
Парламентарците побараа сите предлози за финансирање на европските програми да се финализираат врз основа на заеднички одлуки мегу Европскиот совет и Парламентот.
Европските епксперти инисираа и на формирање работни групи кои ќе се занимаваат со сопствените ресурси и реформи на доходовните аражмани на Унијата, за што се согласија и земјите членки на Унијата.
Со договорот се обезебедени сити клучни приоритети, мегу кои е и целосната флексибилност, со цел да се искористи секое евро изјави еврокомесарот Оли Рен
Европарламнетраците побараа од европската влада да добиваат редовно извештаи за повекодишната финасаиска рамка до 2016 та година, со целосно почитување на економската сотојба во тој период.
Што се однесува до ребалансот за годинашниот буџет и за идната година, веке подолго време се водеше голема битка мегу земјите членки.
Европскиот парламент не се согласуваше за седумгодишната рамка на буџетот се додека не се постигна договор за ребалансот за оваа година со цел да се наплатат долговите рече европремиерот Баросо.
А каде најмногу ке се потрошат 900 милијарди евра од европскиот буџет ?.
Во делот на кохезијата и растот се издвоени 325 милијарди евра , а намногу ќе се даваат пари во неразвиените европски региони, вкупно 373 милијади евра ќе се вложуваат во зачувањето на природните ресурси, , околу 1, 6 насто од буџетот ке се инвестираат во првосудството, за надворешната политика ке се трошат околу 61 милијарда евра, а најмалку пари оваа година ќе се издвојат за бриселската администрација, само 6 насто од европскиот буџет.
Мирјана Василева
