Свет

Лавров: Москва нема да ги прекине воените операции до следната рунда мировни преговори

11.04.2022 19:47

Во интервју за новинскиот канал „Русија-24“, тој рече дека не гледа причина разговорите да не продолжат. Претседателот постојано нагласува дека претпочитаме преговори, рече Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва нема да ги прекине, како што ги нарекува, воените операции до следната рунда мировни преговори со Украина.

Но, во интервју за новинскиот канал „Русија-24“, тој рече дека не гледа причина разговорите да не продолжат. Претседателот постојано нагласува дека претпочитаме преговори, рече Лавров.

Бранејќи ја руската инвазија, Лавров вели дека таа има пошироки импликации надвор од самата Украина.

„Нашата специјална воена операција е дизајнирана да стави крај на непромисленото проширување на целта на САД за целосна доминација… на меѓународната арена“, изјави Лавров, пренесува Би-Би-Си.