„Минус еден“ на големиот Канадски балет гостува во МОБ
Уметничкиот директор Градимир Панков е дел од тимот врвни уметници кои имаат балканска турнеја...

Балетската претстава „Минус еден“ на Канадскиот балет, утревечер е на сцената на Македонската опера и балет. Уметничкиот директор Градимир Панков е дел од тимот врвни уметници кои имаат балканска турнеја.
„Ова за мене е прекрасно. Јас никогаш не мислев дека ќе направам толку голема кариера кога почнав да играм. Неверојатно се чувствувам во Скопје, и покрај тоа што кариерата ме однесе од Пекинг, до Париз, преку Берлин и Минхен, низ цел свет. Јас се чувствувам сеуште Македонец“, изјави Панков за МРТ.
„Благодарејќи на неговата посветеност со младите танчери, преку неговата креативна визија за светот низ магијата на танцот, Големиот Канадски балет прераснува во вистински инкубатор за млади таленти“, рече канадслиот амбасадор во Србија, надлежен и за Македонија, Роман Вашчук.
