Зеленски: Русија може да употреби хемиско оружје
Зеленски предупредува дека Русија може да употреби хемиско оружје во Украина. Вашингтон и Лондон испитуваат за евентуална употреба на вакво оружје во Мариупол. Експертите проценуваат-следните три недели ќе го одредат исходот на воениот конфликт...

Украинскиот претседател Зеленски изјави дека Русија може да употреби хемиско оружје во Украина. Го повика западот да воведе силни санкции, за Москва да не се осмели на го употреби.
„Ние го сфаќаме ова многу сериозно. Би сакал да ги потсетам светските лидери дека веќе е разговарано за можната употреба на хемиско оружје од страна на руската војска. Дури и тогаш тоа значеше дека е потребно поостра и побрза реакција на руската агресија“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Според градоначалникот на Мариупол, хемиските напади не се потврдени, но сепак најави дека ќе бидат објавени детали и објаснувања. Пентагон е запознаен со извештаите и внимателно ја следи ситуацијата.
САД и Индија на разговори за санкциите кон Москва и за набавката на руски гас, за што Вашингтон инсистира да не се купува.
„Кога станува збор за набавка на нафта, санкции итн., само забележувам дека има одредени планови за купување енергија. Се разбира, ние ги охрабруваме земјите да не купуваат дополнителни снабдување со енергија од Русија“, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
„Се разбира, не можам да кажам многу за политичките одлуки како да гледаме на купување енергија од Русија. Би предложил вашето внимание да се фокусира на Европа, која веројатно ќе купи дел од енергијата што е неопходна за нашата енергетска безбедност“, изјави индискиот министер за надворешни работи д-р с. Џаишанкар.
Во меѓувреме рускиот претседател Путин ќе се сретне со белорускиот колега Лукашенко при што ќе разговараат за ситуацијата во Украина и санкциите што западот ги воведе кон Русија и Белорусија. Најкритично е во Мариупол. Според градоначалникот, од почетокот на воените дејства досега биле убиени најмалку десет илјади цивили. Околу 120 илјади имаат итна потреба од вода, храна и лекарства.
Речиси две третини пак од украинските деца ги напуштиле своите домови од почетокот на рускиот напад на Украина, соопшти УНИЦЕФ. Обединетите нации утврдија дека оттогаш 142 деца загинале, иако, бројката е сигурно поголема.
Марина Ристова
