Скопје
Изложба на фотографии во галерија „Рудиќ“
12.04.2022 10:11
Вечер со почеток во 19:30 часот, во галеријата „Рудиќ“, ќе се одржи изложба на 30 фотографии од осум македонски реномирани фотографи.

Вечер со почеток во 19:30 часот, во галеријата „Рудиќ“, ќе се одржи изложба на 30 фотографии од осум македонски реномирани фотографи.
Со свои фотографии ќе се претстават фотографите Дејан Гилевски, Раде Луковиќ, Владимир Арсовски, Зоран Вељановски – Летра, Цветан Гавровски, Дејан Колевски, Кирил Штрков и Боро Рудиќ.
Авторите ќе се претстават со колекција од по четири фотографии. Сите фотографии ќе бидат достапни за продажба, а на еден од посетителите ќе му биде подарена фотографија по негов избор.
