После Крим, прогласена и „Доњецка Народна Република“
07.04.2014 15:59
Пратениците се обратија кон рускиот претседател Владимир Путин со барање да испрати привремен мировен контингент во реонот на Доњецк...

Пратениците во Регионален совет на источноукраинскиот град Доњецк денеска прогласија создавање на „Доњецка Народна Република“, јави ИТАР-ТАСС.
„Републиката ќе ги воспоставува своите односи согласно меѓународното право и врз основа на еднаквноста и вземното почитување. Територијата во рамки на признатите граници е недделива и суверена“, се наведува во „Декларацијата за државната самостојност на Доњецката Народна Република“.
Пратениците се обратија кон рускиот претседател Владимир Путин со барање да испрати привремен мировен контингент во реонот на Доњецк.
Пратениците, исто така, донесоа одлука за одржување референдум за влез на регионот во составот на Руската Федерација, не подоцна од 11 мај.
Овој датум беше усогласен со Луганската и со Харковската област, изјави еден од учесниците на седницата.
Пред зградата на доњецкиот Регионален совет се одржува митинг, а учесниците на него скандираа „Русија, Русија!“. Вчера поставеното руско знаме пред зградата на Советет, денеска беше заменето со уште поголемо.
