Почести контроли поради ценовните шокови
И покрај низата преземени мерки од страна на Владата од маркет до маркет ќе наидете на различни цени на маслото за јадење а некаде заедно со брашното и шеќерот и ги нема на рафтовите. Диспаритетот на цените, трговците го објаснуваат со набавните увозни прилики. Од организацијата за заштита на потрошувачите апелираат за почести контроли од страна на надлежните. Велат подеднакво внимание треба да се посвети и на ознаките за безбедноста на храната...

По воениот конфликт граѓаните се соочија со ценовни шокови на некои основни прехранбени продукти. И покрај низата преземени Владини мерки сè уште се чувствува разликата посебно во цената на маслото за јадење а во рафтовите на некои продавници покрај него ги нема и некои други основни производи велат граѓаните.
Реална кризна состојба или на сцена стапено е нечесната пазарна пракса и преку прекумерните набавки вештачки недостаток. Од организацијата на заштита на потрошувачите велат за измамничкото тргување надлежните веќе изврши санкционирање но сомнежот сè уште постои.
Кога се во прашање прехранбените продукти и измамничкото тргување вели подеднакво внимание треба да се посвети и на рокот на производот.
И ако се изземе оваа наметната состојба бројката од над 2.600 предмети годишно говори дека потрошувачите неправди трпат и во другите области на купување.
Стевче Митревски
