Да се олесни издавањето дозволи за поставување фотоволтаици, бара бизнис заедницата
Се бара скратување на бавните административни процедури за поставување фотоволтаици на крововите на фирмите за да се намалат сметките за струја...

Бизнис заедницата не може да влијае на цените на светскиот пазар, особено на енергенсите, но затоа треба да направи се за да се намали влијанието на енормниот раст на цените, особено на електричната енергија што најтешко ги погодува токму производствените компании. На средбата во Стопанската комора со претседателите на Регионалните комори е побарана поддршка од државата за да се намали ценовниот удар, затоа што сметките за струја се тројно повисоки од порано.
Се бара скратување на бавните административни процедури за поставување фотоволтаици на крововите на фирмите за да се намалат сметките за струја.
Стопанската комора иницира зголемување на домашното производство на електрична енергија по цена пониска од берзанската што ќе го олесни работењето на бизнис секторот. Се бара поддршка на извозните компании, да не се зголемуваат даноците до крајот на годинава. Овие предизвици ја зголемуваат неизвесноста која е најтешка за бизнисот, но и ја загрозуваат ликвидноста, вели претседателот на Стопанската комора Азески.
„Да се разгледа можноста до крајот на годината да не се зголемуваат даноците и давачките за компаниите со што би им се помогнало“, нагласи претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.
Да се свртиме кон капиталот, да го поддржиме, со тоа ќе ги зачуваме фирмите и работните места, а за тоа е потребен партнерски однос на бизнисот и државата,вели Азески.
Свето Николовски
