Ангенцијата за храна врши анализа на српските токсични штрудли

07.04.2014 17:02

Токсични штрудли со смоква од српски производител се повлечени од пазарите на Европската унија. Било утврдено дека се потенцијално канцерогени, содржеле петпати повеќе охратоксин над пропишаните количества. Веста ја потврди и српското министерство за земјодeлство. Агенцијата за храна во земјава сеуште врши анализа, а на рафтовите во маркетите ги има штрудлите.

„Многу ретко, но сум ги купила. Незнам дека се токсични...Незнам, првпат слушам...Што има сега чисто, се е отровно. Гледаме да е поевтино, а не дека ќе се отруеме...Штом некој испитал, сигурносе токсични. Тоа треба веднаш да се забрани“, велат граѓаните.

Според српската национална организација на потрошувачите, во производот имало над 15 микрограми од оваа токсична материја. Повлечени се и крекерите од овој производител.

По афлатоксинот во млекото, мувлосаните суви сливи, нова афера кај прехранбените производи. Со српските штрудли со смокви е откриена зголемена токсичност.

Според прописите на Европската унија, дозволено е само три микрограми охратоксин по килограм производ за возрасни и 0,5 микрограми за деца. Во штрудлите од смокви имало над 15 микрограми.

Андријана Атанасовска