Влада

Продолжена забраната за извоз на одделни житарици и сончогледово масло

12.04.2022 16:37

На предлог на Министерството за економија, донесена е и одлука за укинување на увозната давачка-царинска стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење до 31-ви мај 2022-ра.

Владата на денешната седница донесе одлука  да ја продолжи забраната за извоз на одделни житарици и сончогледово масло  до 15-ти мај годинава.

На предлог на Министерството за економија, донесена е и одлука за укинување на увозната давачка-царинска стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење до 31-ви мај 2022-ра.

Целта на овие мерки е заштита на домашниот пазар и граѓаните во време на криза за да се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите, велат од Министерството за економија.