Ставрески во посета на Конти хидропласт: Ќе се вложат 100 милиони евра во хидросистеми

07.04.2014 17:04

Меѓу многуте мерки за развој на економијата и на земјоделието, планирано е инвестирање на 100 милиони евра во изградба на хидросистеми. Гевгелиски „Конти хидропласт“ се вклопува во овие планови...

Посветеност, упорност и освојување нови пазари. Ова според првите луѓе на Конти хидропласт од Гевгелија е клучот за успехот. Менаџерот на оваа компанија која произведува пластични цевки од различни профили, а ги продава во целиот Балкан и во поново време и во Италија, Чешка, Словачка и Полска, вели дека полека исчезнуваат негативните влијанија од економската криза.

„Пред две години се почувствува, но сега барем мислам, дека почнавме да излегуваме од таа рецесија. И се гледа добра иднина за продолжување со работата, вели Борче Маџунков- директор на Конти хидропласт, Гевгелија

Министерот за финансии Зоран Ставревски најави натамошно стимулирање на економијата преку повеќе мерки. Меѓудругото, планирано е да бидат вложени 100 милиони евра во изградба на хидросистеми низ Македонија.

Преку изградба на голем дел комунална инфраструктура. Инфраструктура во општините во Република Македонија. Изградба на нови хидросистеми како што е Коњско тука во гевгелиско, потоа Маркова река, Оризарска река. Ќе има многу инвестиции од владата во тој дел, планираме да вложиме најмалку 100 милиони евра во изградба на хидросистеми, рече Зоран Ставревски, министер за финансии.

Ставревски смета дека и секундарната гасификација која е планирана скоро во сите општини ќе создаде поволни услови за компаниите да го развиваат нивниот бизнис.

 

Катерина Давчева