Ковид-19

СЗО следи повеќе случаи со нови подваријанти на Омикрон

12.04.2022 18:33

Подваријантите се регистрирани во Јужноафриканската Република, Данска, Боцвана, Германија, Шкотска и во Англија, Белгија.

Светската здравствена организација објави дека следи неколку десетици случаи на зарази со нови подваријанти на Омикрон сојот. Подваријантите се регистрирани во Јужноафриканската Република, Данска, Боцвана, Германија, Шкотска и во Англија, Белгија.

И додека во Европа се намалуваат рестрикциите, во САД, во Филаделфија повторно се воведува мерката задолжителното носење маски во затворени простории.

Од Обединетите нации повикуваат на забрзување на вакцинацијата.