Свет

Банкротираше Шри Ланка

12.04.2022 19:06

Изминатите неколку недели, јавното незадоволство ескалираше со обиди за масовни упади во домовите на членови на администрацијата.

Шри Ланка банкротираше поради надворешниот долг од 51 милијарда долари. Државата е зафатена од  сериозен недостиг на храна и гориво и секојдневни ограничувања на електрична енергија.

Изминатите неколку недели, јавното незадоволство ескалираше со обиди за масовни упади во домовите на членови на администрацијата.

Безбедносните сили интервенираа со солзавец и гумени куршуми.