САД

Филаделфија ги враќа маските

12.04.2022 19:31

По минатомесечното укинување на обврската за носење маски бројот потврдени случаи се зголеми на повеќе од 140 дневно. Според официјалните податоци, околу 750 граѓани на Филаделфија починале во зимскиот бран на омикрон коронавирусот.

Додека во Европа се намалуваат рестрикциите, во САД, во Филаделфија повторно се воведува мерката задолжителното носење маски во затворени простории. Мерката за повторно задолжително носење заштитни маски во затворен простор, што градските власти претходно ја укинаа на 2-ри март, од 18-ти април повторно стапува на сила.

По минатомесечното укинување на обврската за носење маски бројот потврдени случаи се зголеми на повеќе од 140 дневно. Според официјалните податоци, околу 750 граѓани на Филаделфија починале во зимскиот бран на омикрон коронавирусот.

Повеќето американски држави и градови го укинаа задолжителното носење маски во февруари и на почетокот на март, следејќи ги новите упатства од Центрите за контрола и превенција на болести на САД кои посветија повеќе внимание на капацитетот на болниците отколку на бројот заразени.