Лазаров одбра 18 ракометари, Македонија отпатува за Чешка
Ненад Костески и Павле Атанасијевиќ нема да можат да им помогнат на колегите поради повредите кои не ги залечија докрај. Покјрај нив, во Скопје останаа и младиот пивот на Алкалоид, Марко Стојковиќ, левото крило на Тиквеш, Дарко Кондев, како и третиот голман, Марко Кизиќ.
Кире Лазаров ќе смета на 18 ракометари за првиот натпревар со Чешка, за пласман на Светското првенство во 2023 година. На неговиот избор влијаеја и повреди на дел од играчите кои беа меѓу 23-та на тридневните тренинзи во Скопје.
Ненад Костески и Павле Атанасијевиќ нема да можат да им помогнат на колегите поради повредите кои не ги залечија докрај. Покјрај нив, во Скопје останаа и младиот пивот на Алкалоид, Марко Стојковиќ, левото крило на Тиквеш, Дарко Кондев, како и третиот голман, Марко Кизиќ.
Шанса да одигра прв сениорски официјален натпревар ќе добие Петар Атанасијевиќ, левото крило од Пелистер 2 и братот близнак на Павле, а тука се и младите Игор Ѓорѓиев и Марко Митев, како и Михајло Малденовиќ како дефанзивец. Веројатно меѓу нив ќе се бара кои двајца нема да се најдат на конечниот записник со 16 актери во мечот.
Репрезентацијата лета со чартер кон Острава во 17.40, а потоа ја чека пат со автобус до Злин. Натпреварот е утревечер во 20.15 часот.
