Ѓоковиќ елиминиран уште на првиот меч во Монте Карло
Загуби од Шпанецот Алехандро Давидович-Фокина со 3-6, 7-6, 1-6 во меч на кој шпанскиот тенисер успеваше да стигне сѐ, па дури и откако веќе сигурно добиениот втор сет го загуби, да се издигне и фуриозно во третиот со еден загубен гејм да го шокира Србинот.

Враќањето на Новак Ѓоковиќ на тениските терени после месец и пол не тргна според планот на рекетот број еден во препознатливиот ритам, па само што стапна на мастерсот во Монте Карло, Србинот денеска доживеа експресна елиминација.
Загуби од Шпанецот Алехандро Давидович-Фокина со 3-6, 7-6, 1-6 во меч на кој шпанскиот тенисер успеваше да стигне сѐ, па дури и откако веќе сигурно добиениот втор сет го загуби, да се издигне и фуриозно во третиот со еден загубен гејм да го шокира Србинот.
Ѓоковиќ сезонава има само три меча и тоа во Дубаи, каде единствено му беше дозволено да игра поради неговиот став да не се вакцинира против ковид-19, откако во Австралија преживеа 12-дневна тортура со забраната да игра на Австралија опен и големата пауза очигледно е дека остави силна трага кај Србинот.
