Воен конфликт
Заробен украинскиот политичар Виктор Медведчук
13.04.2022 08:36
Зеленски објави фотографија од Виктор Медведчук, кој има блиски врски со рускиот претседател Путин и предложи да се замени Медведчук со воени заробеници што ги држат руските сили...

Украинските специјални сили го заробиле лидерот на проруската политичка партија, кој избега од домашен притвор кон крајот на февруари додека беше на кауција, објави украинскиот претседател.
Зеленски објави фотографија од Виктор Медведчук, кој има блиски врски со рускиот претседател Путин и предложи да се замени Медведчук со воени заробеници што ги држат руските сили.
Медведчук се сомничи за велепредавство.
