Македонското здравство е на добар пат
Македонското здравство Светскиот ден на здравјето го дочекува со повисока позиција од минатите години и на европско и на локално ниво. Ова е генералната оцена на експертите...

Д-р Велјановски за дијагностика се доусовршуваше во Монтреал, а д-р Пргова во Виена и во Истанбул. Од нивните вештини ќе зависат точната дијагноза и лекувањето на пациентите во Градската болница. Тие се дел од 500-ните лекари што се усовршуваат во странство, а од следната година по 1.000 нови.
„Имав можност да научам две посебни дијагностички алатки коишто моментално ги вклучивме во стандардниот рутински протокол“, вели д-р Димитар Велјановски, од ГОБ-8 Септември.
„Напредната дијагностика, моќни машини и многу попрецизно дијагностицирање по автоматизам“, нагласува д-р Билјана Пргова- ГОБ-8 Септември.
Освен инфраструктурата, апаратите, едукацијата, за една година македонското здравство доби сегмент кој недостасуваше- и Детска и Кардиохирургија за возрасни. Првиот човек на Македонското лекарско друштво на Светскиот ден на здравјето со позитивни оцени, но и со забелешки дека треба уште да се работи.
„Продор е направен, со новата опрема, голем скок е направен, ама во некои други сегметни заостануваме“, вели проф.д-р Јован Тофовски –претседател на Македонското лекарстко друштво.
Три места погоре на европската скала, а во сегменти и пред повеќето европски земји за министерот Тодоров е знак дека сме на добар пат.
„Здравството во Македонија оди напред и добро се развива. За наредната година очекувам уште поголем скок, бидејќи во меѓувреме се направени крупни чекори“, изјави Никола Тодоров, министер за здравство.
Македонскиот здравствен систем, со многуте предизвици во однос на реформските чекори и на медицинскиот напредок, мора да ги зачува придобивките од превентивата, особено вакцинацијата –оценуваат лекарите.
Соња Стојановска
