Контрола на загарантираната минимална откупна цена на производството
Цената на зелката од ден на ден со сè пониска откупна цена. Директорот на земјоделскиот инспекторат денес на средба со откупувачите. Земјоделците случајно дознале за средбата па непоканети дојдоа и тие...

Директорот на земјоделскиот инспекторат во Струмица ги собра на средба откупувачите на зеленчук, но на средбата непоканети дојдоа и земјоделците. Велат дека секојдневно се соочуваат со проблеми при откупот, зелката како култура е на голема врата се откупуваат првите берби, а цената веќе е варијабилна. Најжално е, велат земјоделците, што можно е и да не им ја откупат ако немаат обезбедено пазар за пласман.
Цената на откупот на пролетната зелка започна со 25 денари за кг, а на доматот од оранжерии е 100 денари за кг. Денес зелката се откупува и по 15 денари.
Шапуриќ вети дека инспекторите ќе бидат секојдневно на терен, ќе ги чешлале откупните пунктови со цел, контрола на загарантираната минимална откупна цена на производството. Кај сите кои ќе констатираме неправилности ќе следуваат санкции, дециден е Шапурич.
Овие денови во струмичко се очекува и зголемување на понудата со произведените количина.
Стојне Митева
